EUKI – Panda Labs Junior

ABOUT THE PROJECT:

Panda Labs Junior for Just Transition

Through Cooperation and Partnerships created, World Wildlife Fund Bulgaria (WWF Bulgaria) is currently launching a new 2-year project, which will apply the Panda Labs approach in implementing tailor made interventions in key coal regions in Bulgaria, Montenegro, North Macedonia and Serbia.

The overall goal of Panda Labs Junior for Just Transition is to promote renewable energy, energy efficiency, circular economy, and climate mitigation and adaptation solutions.

This project is part of the European Climate Initiative (EUKI) of the German Federal Ministry for the Environment, Nature Conservation and Nuclear Safety (BMU) and the main objective is to contribute to fair transition and timely development of knowledge and entrepreneurial capacities for younger generation in coal regions.

In addition, the project will provide opportunities for regional networking, involving 600 young people and will empower next generation with instruments to transform local communities and economies, in collaboration with key actors, such as local authorities, universities and research centers. Such green innovations approach will be further recognized and supported by local authorities and educational structures in coal regions.

Junior Achievement Bulgaria will design and implement an education and youth entrepreneurship program for high-school curricula and all partners WWF Bulgaria, WWF Adria-Serbia, Junior Achievement Macedonia and Eco-team Montenegro will apply it in selected coal regions in implementing countries. The program will develop young people’s knowledge, skills, confidence, entrepreneurial mindset and strong civic engagement attitude, crucial for their participation in the Just Transition process.

In each country a cohort of 100 high-school and 50 university students will be educated and trained to work on development of sustainable business solutions and start-ups in their local communities by participating in series of trainings, hackathons, networking events, council simulations and regional meetings.

The project plans to conduct 2 Regional Panda Labs Conferences gathering 50 young participants each (in Bulgaria and North Macedonia).

By the end of the project, a Panda Labs Junior Social Innovators network will be developed for young entrepreneurs who will tackle the technological and social problems and would actively contribute to fair and inclusive transition of local economies from coal mining to green industry.

Finally, the project will inspire partnerships with schools and municipalities, and is expected all the initiatives to be supported by school administrations, local authorities and business mentors. Our young participants will be empowered to stay and found businesses, or work for, emerging green start-ups in their localities.

Panda Labs Junior For Just Transition – Results (EN)

Generation for Change – Study for the Local Context of Just Transition (EN)

Educational videos created as part of the Panda Labs Junior For Just Transition Project!

Panda Labs Junior For Just Transition Hackatons – 10-11 April 2023

JA Macedonia – Panda Labs Junior For Just Transition – Timeline 2021-2023

ЗА ПРОЕКТОТ:

Panda Labs Junior за праведна транзиција

Преку соработка и создадени партнерства, WWF Бугарија започнува со реализација на нов двегодишен проект, кој ќе го примени пристапот на Panda Labs во имплементацијата на наменски интервенции во клучните региони со јаглен во Бугарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Главната цел на Panda Labs Junior за праведна транзиција е да ја промовира обновливата енергија, енергетската ефикасност, циркуларната економија и решенија за климатска адаптација и ублажување (митигација).     

Овој проект е дел од European climate initiative (EUKI) на германското федерално министерство за животна средина, конзервација на природата и нуклеарна безбедност (BMU) и главната цел е да се придонесе кон праведна транзиција и навремен развој на знаење и претприемнички капацитети за младата генерација во регионите со јаглен.   

Дополнително проектот ќе обезбеди можности за регионално вмрежување, вклучувајќи 600 млади луѓе и ќе ја зајакне новата генерација со инструменти за трансформација на локалните заедници и економии во соработка со клучните актери, како локалната власт, универзитетите и истражувачките центри. Ваквиот пристап на зелени иновации ќе биде препознаен и поддржан од локалните власти и образовните структури во регионите со јаглен.  

Џуниор Ачивмент Бугарија ќе дизајнира и имплементира едукативна програма и програма за младинско претприемништво за курикулумот во средно образование и сите партнери WWF Бугарија, WWF Адрија-Србија, Џуниор Ачивмент Македонија и Еко-тим Црна Гора ќе ја применат во избраните региони со јаглен во земјите на имплементација. Програмата ќе ги развие знаењето, вештините, претприемничкиот начин на размислување и став за граѓанско делување на младите, клучно за нивното учество во процесот на праведна транзиција.   

Во секоја земја група од 100 средношколци и 50 студенти ќе бидат едуцирани и обучени да работат на развој на одржливи деловни решенија и стартапи во нивните локални заедници преку учество во серија обуки, хакатони, настани за вмрежување, симулации на совети и регионални средби.

Во рамки на проектот ќе се реализираат две регионални Panda Labs конференции на кои ќе учествуваат по 50 млади луѓе (во Бугарија и С. Македонија).

До крајот на проектот, ќе биде развиена мрежа на Panda Labs Junior социјални иноватори за млади претприемачи, кои ќе опфатат одредени технолошки и социјални проблеми и ќе придонесат кон праведна и инклузивна транзиција на локалните економии – од ископ на јаглен кон зелена индустрија.

Крајно, проектот ќе инспирира партнерства со училишта и општини и се очекува сите иницијативи да бидат поддржани од училишната администрација, локалните власти и бизнис ментори. Нашите млади учесници ќе бидат оснажнети да останат и основаат свој бизнис или да работат за нови зелени стартапи во нивните заедници.  

Панда лабс џуниор за праведна транзиција – Резултати (МКД)

Generation for Change – Study for the Local Context of Just Transition-MKD

Едукативни видеа создадени во рамки на проектот Панда лабс џуниор за праведна транзиција!

Панда лабс џуниор за праведна транзиција Хакатони – 10-11 април 2023

ЏА Македонија- Панда лабс џуниор за праведна транзиција – Ретроспектива 2021-2023