Category: Events and News

Соработка со Агенција за поддршка на претприемништвото на РСМ за поддршка на нашата програма за претприемничко учење

Трета година по ред Агенцијата за поддршка на претприемништвото во РСМ ја поддржа ЏА Македонија во реализација на програмата за претприемничко образование и натпреварот за најдобри ученички компании во учебна 2022/2023 година, што е во согласност со нивната заложба за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста во нашата држава. За време на натпреварот кој се […]

Благодарност до Шпаркасе Банка АД Скопје

Благодарност до Шпаркасе Банка АД Скопје која продолжува да ги препознава и поддржува нашите напори да се подигне свеста за важноста на програмите за едукација за претприемништво и ракување со парите додека младите се сеуште во средно образование. Учениците имаа можност да слушнат за едукативната подршка на тема развој на бизнис идеи, анализа на пазарот […]

Камп на иновации – 10-12 Април 2023, Струга

Џуниор Ачивмент Македонија на 10-12 март 2023, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини за ученици од 5 средни училишта од Битола. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт. На учениците […]

Меморандум за соработка со Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија-04.04.2023 г.

На 04 април 2023, нашата директорка Љупка Панчевска и директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АППРСМ) Хајрула Мисини потпишаа меморандум за соработка во програмите на претприемничко образование на Џуниор Ачивмент Македонија. Соработката со Агенцијата ќе се реализира преку нивната програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и […]

Регионална конфренција „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“ – 28-29 март 2023

Со цeл промоција на работењето, мисијата и целите на нашата организација Џуниор Ачивмент Македонија во период 28-30 март се одржа  конференција под наслов „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“, која се оддржа на Универзитетот за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле во Охрид. Регионална конференција спои претставници од Џуниор Ачивмент организации […]

Џуниор Ачивмент Македонија како дел од Лидерскиот самит – 16-18ти март 2023, Малта

Лидерскиот самит кој се одржа од 16 – 18ти март во Малта, опфати преку 120 претставниви од мрежата на  ЏA Европа, извршни директори, вработени и партнери во мрежата. Во текот на трите дена, нашиот извршен директор имаше можност да учествува на сесии, работилници, дискусии и идно стратешко планирање. Се споделија искуства и идеи за заеднички […]

Натпревар во рамки на едукативната програма на „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“- 09-10 март 2023

Џуниор Ачивмент Македонија на 09-10 март 2023, организираше натпревар во рамки на едукативната програма на „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“. Група студенти работеа на креирање иновативни зелени бизнис идеи за заштита на животната средина, кои ги презентираа пред жири комисија. Заеднички го поддржуваме одржливиот развој и циркуларната економија, кон праведна транзиција на земјата!

Обука за наставници – 01-03 март 2023, Охрид

Продолжуваме со активно градење на капацитетите на наставниците за работа во ученичките компании и соработка со училиштата. Од 01-03 март, 26 наставници од 15 средни училишта и 10 градови низ земјава учествуваа на обуката за спроведување на програмата Ученичка компанија. На учесниците им беа дадени насоки како да го подготват компанискиот извештај за Националниот натпревар […]

Соработка со Универзитет за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле

Џуниор Ачивмент Македонија и Универзитетот за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле потпишаа меморандум за соработка преку кој се отвора можност за реализација на надтани на Факултетот во Охрид, како идополнителни активности за промоција на претприемништвото, градење заеднички проекти и акцелерација на идните претприемачи.

Активности во рамки на едукативната програма за студенти во проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција”

Продолжуваат активностите во рамки на програмата за студенти во проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, каде што разговаравме на различни теми за одржлив развој, климатските промени, циркуларна економија како и зелените бизниси.