Учениците од Саемот на мини ученички компании во посета на Семос Детскиот Едукативен Центар – 21.10.2026

Posted on: 21.10.2026

Како продолжение на активностите поврзани со Саемот на мини ученички компании, учениците учесници, заедно со своите наставници и претставници од Општина Ѓорче Петров, го посетија Семос Детскиот Едукативен Центар на 21 октомври 2026.

Во рамки на посетата, учениците имаа можност одблизу да се запознаат со современите технологии, дигиталните вештини и можностите за учење и развој што ги нуди светот на технологијата.

Оваа посета претставуваше дополнителна можност за проширување на нивните знаења, размена на идеи и поттикнување на љубопитноста кон новите технологии и професиите на иднината.

Упатуваме голема благодарност до Семос Едукација за гостопримството и за овозможеното едукативно искуство.

Во Џуниор Ачивмент Македонија веруваме дека учењето преку практични искуства, запознавањето со нови области и поврзувањето на младите со реалниот свет се важен дел од нивниот личен и професионален развој.

Продолжуваме да создаваме можности младите да учат, истражуваат, развиваат идеи и да ги откриваат сопствените потенцијали!