Политика на приватност

Врз основа на Законот за заштита на личните податоци ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 42/2020) и член  6 став 4 од Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/2020), овластенотолице на Здружението за поттикнување и подготовка на младите за успех во глобалната економија ЏУНИОР АЧИВМЕНТ МАКЕДОНИЈА Скопје, донесе:

П О Л И Т И К А

на приватност и заштита на лични податоци на

Здружението

Нашето Здружение е целосно посветено на заштита на вашата приватност како посетители на нашата веб страна, вклучително и на заштита на личните податоци на нашите членови, експерти, соработници, клиенти и учесници во проектните активности на здружението.

Со оваа Политика ве информираме за општите принципи, целите и начините на собирање, чување и обработка на сите лични податоци со кои доаѓаме во контакт и под кои околности кои видови на лични податоци можат да се објавуваат или пренесуваат во земјава или надвор од нејзините граници.

Цел на обработката на личните податоци

Личните податоци во Здружението се обработуваат согласно општо прифатените принципи утврдени во Законот за заштита на личните податоци и во подзаконските акти кои произлегуваат од законот, како и во Европската регулатива за заштита на личните податоци, со  цел првенствено исполнување на зацртаните статутарни цели и задачи.

Во Здружението се обработуваат личните податоци на вработените или ангажираните лица за целите на управување со човечките ресурси и личните податоци на сите директни или индиректни учесници во реализација на програмата за работа или здружени организации со кои соработуваме.

Принципи и начела на обработката на личните податоци

Законитост

Личните податоци во Здружението се собираат и се обработуваат врз база на целосна доверливост за конкретни, јасни и со законски основ утврдени цели и се чуваат, се ажурираат и се обработуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од тоа што е потребно за целите поради кои се обработуваат.

Транспарентност во комуникацијата

Во Здружението  се обработуваат личните податоци од вработените врз основа на нивна претходно добиена согласност, освен по исклучок кога обработката на личните податоци се врши за статистички или научни цели и во други случаи од јавен интерес. Контролорот ги обработува и личните податоци на физички лица кои биле деловни  соработници и баратели на информации од јавен карактер, до степен до кој што е неопходно за достава на актите и при тоа секогаш е отворен и јасен кон субјектите на лични податоци.

Принцип на обработка на минимален обем на податоци

Ги обработуваме само оние податоци кои се соодветни, релевантни за реализација на проектите и ограничени само на она што е неопходно за остварување на целта.

Точност

Применуваме соодветни мерки за личните податоци кои ги обработуваме да бидат точни и ажурирани исто како и мерки за навремено бришење и коригирање на нецелосни лични податоци.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Здружението ЏУНИОР АЧИВМЕНТ МАКЕДОНИЈА Скопје, со адреса на регистрација на ул.„Душан Тасковиќ“ бр.17 и со деловно седиште во објект на ул.Наум НАУМОВСКИ Борче бр. 38/9 во Скопје.

Здружението ги извршува работите од областа на поттикнување и подготовка на младите за успешно вклучување во глобалната економија, преку континиурана едукација и стручно усовршување со практични вештини и знаења кои ќе ги направат поконкурентни на пазарот на труд.

Податоци кои можат да се собираат

Може се да собираат податоци поврзани со следните категории лица:

  • Посетители на интернет страната www.jamacedonia.mk – податоци за анализирање на посетеноста на веб-страната на Здружението, при што користиме задолжителни и статистички веб колачиња „Cookies“ со цел да се подобри корисничкото искуство на посетителите на нашата апликација.
  • Учесници, соработници или баратели на нашите услуги и други физички лица во интерактивни случаи кога поднесуваат разни барања, пријави, биографии или предлози преку контакт формата. Овие акти необврзувачки содржат основни информации за идентитетот на испраќачот и вообичаени податоци за контакт и е-пошта.

Податоци кои се обработуваат

При користење на веб страната на Здружението, платформата за секој посетител креира логови со следните податоци:

-Време на посета на веб страната;

-Назив на страната која се посетува заедно со подопциите ;

– URL на страната од која е препратена посетата и во некои случаи клучните зборови кои се користени при истотото препраќање;

-Оперативниот систем кој се користи и нагодувањето за екранска резолуција;

-Видот на пребарувач и неговата верзија;

-Официјалниот јазик кој се користи на пребарувачот;

-Интернет (IP) адресата од која се пристапува;

-Типот на уред од кој се пристапува, вид и модел;

-Јазикот на пребарувачот кој се користи и

-Држава од која се пристапува на веб страната на Здружението се одредува преку IP адрсата .

Начин на собирање на личните податоци

Единствените лични податоци кои ги собираме од регистрацијата на корисникот се оние кои корисникот доброволно ги доставува за конкретни цели и тоа име и презиме, поштенска адреса, контакт телефон, факс и е-маил адреса. Личните податоци ги собираме :

-Преку  користење на  веб страната на Здружението од надворешни лица, вклучувајќи ги тука и формите за аплицирање;

-преку  e-mail: info@jamacedonia.mk

-лично на рака во канцеларијата на Здружението или при регистрација на самите работилници, натпревари  и специјализирани обуки.

-преку пошта.

 Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Здружението, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Време потребно за чување на собраните податоци

Податоците кои се прибираат се чуваат во согласност со закон и за период потребен за постигнување на целта на обработката, роковите се утврдени во Правилникот за роковите на чување и за начинот на правење сигурносни копии, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачувани лични податоци на Здружението.

Серверските логови автоматски се бришат на секои 15 дена, освен по исклучок доколку тоа го налагат потребите за истражување на вирус или злонамерен напад.

Правата на субјектите во однос на обработката на лични податоци

Секој субјект на лични податоци има право :

-да биде информиран за обработката на личните податоци

-да има пристап до личните податоци

-да даде претходна согласност за обработка

-да се изврши исправка и бришење на личните податоци

-да се ограничи обработката на личните податоци и

-право на приговор

За дополнителни информации поврзани со правата за заштита на лични податоци да се контактира офицерот за заштита на лични податоци чии контакт информации се објавени на веб страната на Здружението и содржат име и презиме, телефонски број и е-маил адреса на офицерот.

Споделување и размена на податоци со трети страни

Не споделуваме ваши лични податоцим за посетата на нашата веб страна. Пренос на трети страни практикуваме само во следните случаи:

-кога ги проследуваме вашите иницијативи, пријави или барања до надлежни институции,

-по барање на судовите, полицијата или други државни органи за вршење на нивните надлежности,

-за меѓународна размена на искуства и постигнати резултати и

-за развивање на соработката во областа на интелектуална, научна, технолошка и економска активност.

Преносот на личните податоци го вршиме согласно нашиот интерен акт „Правилник за пренос на лични податоци“, изработен врз основа на Законот за заштита на лични податоци и усогласен со Одлуката за утврдување на стандардни договорни клаузули за пренос на лични податоци во трети земји („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 280/2021) .

Користење на „колачиња“

За да го збогатиме вашето on-line искуством користиме колачиња, технологии и услуги што ги даваат другите за прикажување на персонализирани содржини, соодветно рекламирање и складирање на вашите преференции на вашиот компјутер. Колаче е низа информации што веб страната ги чува на компјутерот на посетителот и пребарувачот на посетителот му ги дава на веб сајтот секогаш кога посетителот ќе се врати. Продолжувајќи да се движите низ нашата веб страна без да ги промените поставките за колачиња, признавате и се соглсувате со користењето на колачиња од страна на Здружението.

Промена на политиката за приватност

Нашата политика за приватност редовно ќе се менува, дополнува и ажурира соодветно на настанатите промени во нашите активности и согласно законските измени во областа на заштитата на личните податоци и примената на Европското законодавство од оваа област.

Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

Секој кој смета дека со начинот на кој Здружението ги обработува неговите лични податоци се повредуваат одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да поднесе барање на пропишан образец до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, по кое ќе се постапува, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.