Month: September 2026

Камп на иновации во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, Скопје 24-25.09.2026

Средношколци и студенти ги здружуваат своите знаења, идеи, креативност и претприемачки вештини и заеднички работат на изнаоѓање иновативни решенија за реален бизнис предизвик од областа на земјоделството. Кампот на иновации создава простор за младите да учат преку практична работа, тимска соработка и директно соочување со реални предизвици. Во текот на активностите, учесниците ги истражуваат можностите […]

Средба со наставници вклучени во проектот „Зелена младина, зелен раст“ –  18.09.2026

Во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, се одржа средба со наставниците активно вклучени во проектните активности. Средбата беше можност за споделување на резултатите, искуствата и добрите практики од досегашната реализација на проектот. Наставниците разговараа за примената на стекнатите знаења во наставата и за начините темите поврзани со животната средина, одржливиот развој и зелените […]

Дисеменација на проектни резултати „Виртуелко за сите“ 17.09.2026

Наставниците ги споделија своите искуства од работењето на виртуелната платформа „Виртуелко за сите“. Тие раскажаа што научија, кои функционалности им беа најкорисни и како стекнатото знаење го применуваат во својата секојдневна настава. Размената на искуства и добри практики ја збогати наставничката заедница и отвори пат за поиновативен и интерактивен пристап кон учењето. Технолошките алатки и […]

Дводневна обука за наставници во рамки на Erasmus+ проектот „YSBE Net“ – 15-16.09.2026

Џуниор Ачивмент Македонија реализираше дводневна обука за наставници во рамки на Erasmus+ проектот „YSBE Net – Youth Social Business Entrepreneurship Network“. Обуката беше насочена кон зајакнување на знаењата и практичните вештини на наставниците за социјалното претприемништво и развивањето бизнис идеи кои одговараат на конкретни општествени и локални предизвици. Наставниците се запознаа со методологијата, алатките и […]

YSBE Net – Успешно реализирана обука за обучувачи за програмата за социјално претприемништво

Од 24 до 26 август, нашиот тим учествуваше на тридневна онлајн обука за обучувачи, организирана во рамки на проектот YSBE Net – Мрежа за младинско социјално претприемништво, заедно со повеќе од 30 едукатори од Бугарија, Романија, Кипар, Албанија, Црна Гора и Турција. Во текот на обуката, учесниците се запознаа со нови алатки, методологии и практични […]

Бронзено признание за ЏА Алумни Македонија

Со особена гордост го споделуваме признанието „Бронзена нација“, доделено на нашиот клуб на млади луѓе кои ги поминале низ нашите програми– ЏА Алумни Македонија. Признанието беше доделено во Тирана, во рамки на конференцијата организирана од ЏА Алумни Европа и ЏА Албанија, како признание за посветеноста, активноста и заедничката енергија што членовите на клубот ја вложуваат […]