Бронзено признание за ЏА Алумни Македонија

Posted on: 09.09.2026

Со особена гордост го споделуваме признанието „Бронзена нација“, доделено на нашиот клуб на млади луѓе кои ги поминале низ нашите програми– ЏА Алумни Македонија.

Признанието беше доделено во Тирана, во рамки на конференцијата организирана од ЏА Алумни Европа и ЏА Албанија, како признание за посветеноста, активноста и заедничката енергија што членовите на клубот ја вложуваат во градењето на активна и поврзана алумни заедница.

Овој успех е резултат на заедничкиот ангажман, иницијативноста и ентузијазмот на сите членови на ЏА Алумни Македонија.

Горди сме на нашите алумни и на нивната желба да продолжат да создаваат можности, да се поврзуваат и да придонесуваат кон заедницата.