Erasmus+ PlayJET
Project title:
Panda Labs Achievers: Youth for a Just Energy Transition
01/10/2023 to 31/05/202
Panda Labs Achievers: Youth for a Just Energy Transition project is financed by the European Union through Erasmus+ Programme and is implemented by Junior Achievement Bulgaria in partnership with WWF Bulgaria, WWF Adria Serbia, Junior Achievement Macedonia and Eco-Team.
The main goal of this project is to increase knowledge about climate change and Just Transition challenges among high school students from coal regions in 4 Eastern European countries (Bulgaria, Serbia, North Macedonia and Montenegro) and encourage their active involvement in policy-making and problem-solving, in order to foster an innovation culture in key Just Transition areas.
The project will promote green entrepreneurship and create sustainable livelihood opportunities in coal regions through an innovative education package, a series of face-to-face hackathons and an online collaboration space. Young people from coal regions will be involved in simulations of economic and social councils and will make their voices heard during roundtables with local government representatives.
The project foresees the following activities:
- Development and implementation of an educational program about green innovation and green entrepreneurship with a main focus on coal regions and the Just Transition process;
- Creation of a Sustainable Online Panda Hub for ongoing communication, experience sharing, and networking among the young social innovators, mentors, policymakers, and business leaders;
- Organizing national networking events to facilitate knowledge and experience exchange between the young participants and relevant stakeholders;
- Conducting hackathons;
- Economic-council simulations;
- Developing Youth policy guide for sustainable development in coal regions;
- Organizing Regional Conference for Panda Labs Achievers where at least 12 young participants from each country will attend and present their prototypes, discuss policy advocacy activities, and share knowledge and experience;
- Effectively delivering a public awareness campaign,regarding the project, JT and CC issues, and the benefits of green entrepreneurship;
- Ensuring raised level of improved knowledge and competencies of young people on climate change, innovation generation and green entrepreneurship.
Име на проект:
Panda Labs Achievers: Youth for a Just Energy Transition
01/10/2023 до 31/05/2025
Проектот Panda Labs Achievers: Youth for a Just Energy Transition е финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и е имплементиран од Џуниор Ачивмент Бугарија во партнерство со WWF Бугарија, WWF Adria Србија, Џуниор Ачивмент Македонија и Еко-Тим.
Главната цел на овој проект е да се зголеми знаењето за климатските промени и предизвиците за праведна транзиција, кај средношколците од регионите на јаглен во 4 источноевропски земји (Бугарија, Србија, Северна Македонија и Црна Гора) и се охрабрат активно да се вклучат во креирањето политики и решавањето на проблемите, со цел да се поттикне културата на иновациите во клучните области за праведна транзиција.
Проектот ќе промовира зелено претприемништво и ќе создаде одржливи можности за живот во регионите на јаглен преку иновативна образовена програма, серија хакатони лице-в-лице и онлајн простор за соработка. Младите од регионите на јаглен ќе бидат вклучени во симулации на социо-економски совети и тркалезни маси кои ќе вклучат претставници на локалната самоуправа.
Проектот ги предвидува следните активности:
- Развој и имплементација на едукативна програма за зелени иновации и зелено претприемништво со главен фокус на регионите на јаглен и процесот на праведна транзиција;
- Создавање на одржлив онлајн ,,Панда хаб’’ за постојана комуникација, споделување искуства и вмрежување меѓу средношколци, ментори, креатори на политики и бизнис лидери;
- Организирање на национални настани за вмрежување за да се олесни размената на знаења и искуства помеѓу младите учесници и релевантните засегнати страни;
- Спроведување хакатони;
- Економско-советни симулации;
- Изработка на водич за младинска политика за одржлив развој во регионите на јаглен;
- Организирање на Регионална конференција на која ќе учествуваат најмалку 12 млади учесници од секоја земја и ќе ги претстават своите прототипови, ќе разговараат за активностите за застапување на политиките и ќе споделат знаење и искуство;
- Ефикасно спроведување кампања за подигање на јавната свест, во врска со проектот, прашањата за JT и CC и придобивките од зеленото претприемништво;
- Обезбедување покачено ниво на подобрени знаења и компетенции на младите за климатските промени, генерирањето иновации и зеленото претприемништво.