Современи дигитални алатки за поинтерактивна и практична настава
Posted on: 02.11.2026
Унапредувањето на наставната практика подразбира постојано следење на новите образовни пристапи и примена на дигитални алатки што им овозможуваат на учениците да учат преку практично искуство.
Во рамки на проектот „Виртуелко за сите“, наставниците имаат можност да се запознаат со платформата, која овозможува симулација на реални деловни процеси и поврзување на теоретските знаења со практичната работа.
Како обуката придонесе за нејзиниот професионален развој и како стекнатите знаења ќе ги примени во наставата, споделува Софија Тошева Раманчева, наставник во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.
Софија Тошева Раманчева, наставник во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија:
„Учеството на обуката за платформата „Виртуелко за сите“ беше одлична можност за надградување на моите професионални знаења и запознавање со современи дигитални алатки за работа со учениците. Преку обуката се запознав со пристапи што овозможуваат наставните содржини да се обработуваат на поинтерактивен и практичен начин, поврзувајќи ги теоретските знаења со реални деловни процеси.
Особено ми значи можноста стекнатите знаења да ги применам во наставата, а добивањето сертификат е дополнителна потврда за моето стручно усовршување и вредно дополнување на наставничкото досие. Верувам дека ваквите обуки придонесуваат за осовременување на наставата и за развивање на дигиталните и претприемачките вештини кај учениците.“
