Month: February 2023

Меморандум за соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Џуниор Ачивмент Македонија и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Меморандум за соработка преку кој се отвараат можности за младите во нашата мрежа. Поддршката ќе се одвива со учество на вработени од министерството на наши настани и активности за средношколци и студенти, обуки за наставници, но и наше учество на настани организирани од министерството. […]

Јa продолжуваме соработката со Фонд за иновации и технолошки развој

Продолжува соработка со Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на програмата за претприемничко образование во сите средни училишта низ државата, како и финансиската поддршка на програмата. Договорот го потпишаа Љупка Панчевска, извршен директор на Џуниор Ачивмент Македонија и ДФИТР Фестим Халили. Со потпишувањето на овој договор, младите ќе имаат можност да стекнат повеќе […]

Конкурс: Етичка Дилема во Бизнис Учебна година 2022-2023

Џуниор Ачивмент Македонија го промовира претприемничкото образование во училиштата, финансиската писменост и подготвеноста на средношколците за идни работни места, а воедно се залага за промовирање на општествена одговорност и етичко однесување. Денес етикатa е важен дел од секоја компанија. Со цел да ги потикнеме младите да развиваат вештини морални принципи и вредности кон почитување на […]

Камп на иновации – 15-16 февруари 2023, Скопје

Џуниор Ачивмент Македонија на 15-16 февраури 2023, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт. Кампот е дизајниран околу одредена и реална индустрија или сектор […]

Регионална конференција во Подгорица, Црна Гора

Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од регионална конференција за наставници во Подгорица, Црна Гора.Главната цел на конференцијата беше да ги запознае наставниците и едукаторите од БИХ, Србија, Црна Гора и С. Македонија со иновациите во образованието, особено во традиционалните образовни системи, но и бројните предизвици кои доаѓаат со нив. Покрај нас, посебен акцент за програмата […]

Посета на Џуниор Ачивмент Србија – 06-09 февруари 2023

Од 6 до 9 февруари ја посетивме нашата ментор организација Џуниор Ачивмент Србија. Со ученичката компанија „Мидори“, посетивме неколку организации кои го поддржуваат претприемништвото, но и иновациите, науката и дигиталните технологии во Белград При посетата во Нордеус, Дигитална Србија, Центар за Наука од одговорните лица, директори, меркетинг и ИТ вработени во компаниите, слушнавме за тоа […]

Обука за наставници – 30-31 јануари 2023

Почетокот на новото полугодие означува и почеток на нови активности! Група наставници од 15 средни училишта беа дел од обука за Раководење на проектен циклус од 30 до 31 јануари, во Скопје. Успешно беше спроведена обука за наставници која ќе им помогне во понатамошното имплементирање на програмите на Џуниор Ачивмент.