Меморандум за соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Posted on: 27.02.2023

Џуниор Ачивмент Македонија и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Меморандум за соработка преку кој се отвараат можности за младите во нашата мрежа. Поддршката ќе се одвива со учество на вработени од министерството на наши настани и активности за средношколци и студенти, обуки за наставници, но и наше учество на настани организирани од министерството.