Успешно реализиран завршниот настан на Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите“ 18.11.2026
Posted on: 18.11.2026
Со завршен настан посветен на резултатите, искуствата и можностите што ги отвора дигиталното учење, го заокруживме Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите“.
Во рамки на настанот беа презентирани постигнатите резултати и стекнатите искуства во текот на реализацијата на проектот, со посебен акцент на придобивките од користењето на дигиталната платформа и нејзината примена во процесот на практично учење.
Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди платформата за поттикнување и развој на претприемачките, финансиските и дигиталните вештини кај учениците, како важни компетенции за нивниот понатамошен личен и професионален развој.
Проектот „Виртуелко за сите“ придонесе кон збогатување на образовното искуство преку примена на современи дигитални алатки, поттикнување на активно учење и создавање нови можности за стекнување знаења и практични вештини.
Упатуваме голема благодарност до сите проектни партнери за одличната соработка, посветеноста и заедничкиот придонес во успешната реализација на проектот.
Со стекнатите знаења, вештини и искуства, проектот го завршуваме со уверување дека создадените резултати ќе продолжат да отвораат нови можности за учење, иновации и развој.
