Month: June 2025

Потпишан меморандум за соработка со Институт за социолошки и политички -правни истражувања-УКИМ

Со цел унапредување на образованието и поттикнување на претприемачкиот дух кај младите, Џуниор Ачивмент Македонија потпиша меморандум за соработка со Институт за социолошки и политички -правни истражувања-УКИМ Скопје .  Како водечка институција препознатлива по квалитет на научно-истражувачката работа и двигател на позитивни општествени промени ќе има клучна улога во нашите програми – преку  едукативни курикулуми и […]

Учество на тркалезна маса на тема „Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена“

Во организација на Младински Сојуз – Крушево, бевме дел од диксусијата на наодите презентирани за време на тркалезната маса на тема „Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена“, во рамките на проектот ‘Барометар на социјално претприемништво’. На настанот беа презентирани резултатите од ‘Барометарот за социјално претприемништво’, опфаќајки ги клучните наоди од истражувањето, трендовите согласно соодветните индикатори, и мапираните […]

Партнерство со Шпаркасе Банка за поддршка на натпреварот во банкарски сектор

Во период 19-20 јуни во Струга, 43 средношколци од 8 училишта, водени од 8 наставници, кои беа дел од Програмата за ученичка компанија на ЏА Македонија оваа учебна година, учествуваа на Кампот на иновации поддржан од Шпаркасе Банка. Партнерството со Шпаркасе Банка, има за цел  да ја зголеми финансиската писменост и да ги едуцира младите […]

Поддршка од општина Велес за претстојниот натпревар во јули во Атина, Грција

Среќни сме за остварената поддршка од општина Велес за претстојниот европски натпревар  во јули во Атина, Грција во рамки на фестивалот ГЕН-Е 2025. Се надеваме на идна соработка која ќе ни овозможи реализација на заеднички проекти, настани во општината, како и вклученост на што поголем број на млади луѓе. Дополнително општината ќе биде поканета на […]

Учество на Џуниор Ачивмент Алумни на вебинар „Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач“

Џуниор Ачивмент Алумни учествуваа на вебинар „Од идеја до сопствен бизнис: Патот на една жена претприемач“, во рамки на проектот EMPOWERING, преку кој ќе се реализираат слични настани, обуки и можности за вмрежување на младите, каде добија корисни информации и совети за подобрување на својата кариера. Дел од излагањата имаа за цел да ги охрабрат девојчињата да размислуваат […]

Учество на Џуниор Ачивмент Македонија на конференција „ТвинТек Talk: Успешно одржан настан за креативност и иновации во ерата на вештачката интелигенција

Во свет полн со брзи одговори, ТвинТек Talk создаде простор за вистински прашања. Прашања за иднината, за можностите, за улогата на човекот во ерата на вештачката интелигенција. ТвинТек Talk се одржа на 12 јуни во Кинотека на Македонија и собра професионалци од областа на иновации и технологија, млади претприемачи и претставници од истражувачкиот и деловниот […]

Еразмус + проект „Виртуелко за сите” со партнери од Србија и Бугарија

Започнавме нов Еразмус + проект „Виртуелко за сите” во партнерство со организации од Србија (Праскозорје и Економското училиште од Пирот) и Бугарија (Интра Ментис). Првиот состанок на проектниот тим, одржан на 2 јуни 2025 година на платформата Google Meet го означи и официјалниот почеток на проектот. Проектните партнери се собраа да се запознаат со обврските […]