Учество на тркалезна маса на тема „Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена“

Posted on: 27.06.2025

Во организација на Младински Сојуз – Крушево, бевме дел од диксусијата на наодите презентирани за време на тркалезната маса на тема „Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена“, во рамките на проектот ‘Барометар на социјално претприемништво’. На настанот беа презентирани резултатите од ‘Барометарот за социјално претприемништво’, опфаќајки ги клучните наоди од истражувањето, трендовите согласно соодветните индикатори, и мапираните предизвици.

Во делот за дискусија, Џуниор Ачивмент Македонија ги посочи своите гледишта и препораки за подобрување на претрпиемништвото кај младите во земјава како и важноста од образование кое нуди вештини и компетенции за младинско вработување и самовработување.