Month: December 2025

Вебинар на тема „Зелена економија“ – 16.12.2025

Џуниор Ачивмент Македонија на ден 16.12.2025 год., одржа вебинар на тема „Зелена економија“ со предавач проф. Д-р Владимир Петковски. На вебинарот присуствуваа над 150 учесници од цела Македонија. Учесниците добија можност да слушнат нешто повеќе за проектот „Зелена младина зелен раст“ и темите поврзани со циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи, како и […]

Меморандум за соработка со Биро за развој на образование

Џуниор Ачивмент Македонија потпиша меморандум за соработка со Биро за развој на образование.Целта е да се оствари соработка и меѓусебна поддршка при реализација на наш активности, во кое Бирото ќе има водечка улога во развој на наставни планови и курикулуми, стручна поддршка на наставниот кадар и унапредување на квалитетот и инклузивноста на образованието.Уверени сме дека […]

Покана за вебинар „Зелена економија“ – 16.12.2025

е покануваме да го проследите вебинарот на тема „Зелена економија“ на 16 декември 2025 г. од 12:00 часот со предавач Владимир Петковски. Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Зелена младина зелен раст“ и има за цел да ги запознае учениците и наставниците со теми од областа на животната средина, пред се Зелена агенда, Зелениот […]

Камп на иновации во соработка со Јунус центар за социјални бизниси 11-12 декември 2025

Џуниор Ачивмент Македонија, на 11 и 12 декември 2025 година, во соработка со Јунус центарот за социјални бизниси при Економскиот факултет во Скопје, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини наменет за средношколци и студенти. Учесниците работеа во заеднички, мешани тимови, каде што имаа можност да разменуваат идеи и искуства. Кампот на иновации […]

Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 12 декември 2025

По презентациите и промоција на „Virtuelco for All“ пред средношколци и наставници, на 12 декември 2025 година Џуниор Ачивмент Македонија ја направи промоција на проектот пред 20 млади луѓе – студенти и уште 20 млади лица од различни средини од Скопскиот регион (идентификувани како NEETs – лица кои не се вклучени во образование, обука или […]

Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 09 декември 2025

Џуниор Ачивмент Македонија (ЏАМ) го промовираше  проектот „Virtuelco for All“ пред 20 средношколци од скопски средни училишта, на средбата што се одржа на 09 декември, 2025 година. Младите кои присуствуваа на средбата, ќе бидат примарна целна група на претстојните обуки. Тимот на  ЏАМ ги претстави активностите предвидени во рамките на проектот и најави дека во […]