Вебинар на тема „Зелена економија“ – 16.12.2025

Posted on: 18.12.2025

Џуниор Ачивмент Македонија на ден 16.12.2025 год., одржа вебинар на тема „Зелена економија“ со предавач проф. Д-р Владимир Петковски. На вебинарот присуствуваа над 150 учесници од цела Македонија. Учесниците добија можност да слушнат нешто повеќе за проектот „Зелена младина зелен раст“ и темите поврзани со циркуларна економија, климатски промени, биодиверзитет, борба против загадувањето и одржливи системи, како и за останатите активности поддржани од Европската унија, во реализација на Џуниор Ачивмент Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и ЦЕП Можности.