Month: June 2021

Почеток- Генерација-Е 29 јуни 2021 

Започна најголемиот Европски фестивал за претприемиштво Генерација-Е кој го прославува претприемништвото и достигнувањата на младите, собирајќи илјадници млади претприемачи кои ќе ги споделат своите бизнис идеи и ќе се натпреваруваат за титулите „Најдобра ученичка компанија“ и „Најдобар старт-ап“на годината или некоја друга вредна награда од спонзорите.   За повеќе информации – https://gen-e.eu

Генерација-Е – Најголемиот европски фестивал за претприемништво 29 јуни – 15 јули 2021 

Европскиот натпревар на ученички компании и Европскиот предизвик за претпријатија 2021 се спојуваат во најголемиот онлајн фестивал за претприемништво насловен Генерација- Е  организиран од Џуниор Ачивмент Европа и Џуниор Ачивмент Литванија.   Придружете ни се од 29 јуни до 15 јули да ги прославиме достигнувањата на нашиот тим и останатите млади во мрежата на овој […]

Средба со победникот на конкурсот за Етичка дилема – 28.06.2021 

Остварена уште една успешна средба!   Овој пат во СЕПУГС Васил Антевски Дрен со победникот на конкурсот за Етичка дилема Давид Арсовски ученик во втора година!  Благодарност до училиштето за поддршката и учеството во нашите програми.   Се надеваме на успешна соработка во иднина! 

Обука за наставници на тема Дигитален маркетинг- 21,22,24 јуни 2021 

На 25 наставници од 15 средни училишта од Велес, Гостивар, Кочани, Македонски Брод, Тетово, Охрид, Прилеп, Скопје и Струмица им беа дадени насоки како да го интегрираат дигиталниот маркетинг во маркетинг планот на Ученичките компании. Низ тридневната обука ги водеше обучувач Марија Манева, експерт во областа.  Наставниците кои беа дел од обуката го збогатија своето […]

Nxënësit e shkollës së mesme nga Velesi dhe ideja e tyre e biznesit për filtër për pastrim janë fituesit e garës së Junior Achievement 

Ekipi Win nga shkolla e mesme profesionale “Dimitrija Çupovski” nga Velesi, ofroi një filtër inovativ për pastrimin e ujit natyror, i destinuar për rekreacion në natyrë në një situatë ku nuk ka qasje në ujë të pijshëm. Filtri “Up-grade“ i eliminon mikrobet që gjenden në ujin e lumit, liqenit ose në ujin e shiut dhe […]

Средношколци од Велес и нивната бизнис идеја за филтер за прочистување се победници на седмиот Камп на иновации 

Тимот Вин од средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес, понуди иновативен филтер за прочистување на природна вода, наменет при рекреација во природа во ситуација каде нема пристап до вода за пиење. „Up-grade“ филтерот ги елиминира микробите што се наоѓаат во водата од реката, езерото или дождовната вода и ја прочистува од био-контаминација и бактерии. […]

Средба со второнаградениот тим на Националниот натпревар од СУГС „Јосип Броз Тито“ 

Тимот на Џуниор Ачивмент Македонија, на 17 јуни  се состана со второнаградениот тим на Нациналниот натпревар на ученички компании, Techbook од СУГС „Јосип Броз Тито“.   Ни беше чест и продолжуваме со успешната соработка! 

Средба со учениците од СУГС Кочо Рацин- третонаграден тим на Националниот натпревар 

На 16 јуни имавме средба со учениците од Grow Green од СУГС “Кочо Рацин”, ученичката компанија која го освои третото место на Националниот натпревар на ученички компании за учебната 2020/2021 година.   За време на средбата на учениците им беа врачени дипломи и награди.

Гостување на ТВ СИТЕЛ во емисијата Ја сакам Македонија- 16.06.2021 

Погледнетего гостувањетона нашата директоркаЉупка Панчевсказаедно со тимот на LifePal- победницитена Националниотнатпреварна ученичкикомпании, во утринскатаемисија на “Ја сакам Македонија”на национална Телевизија Сител. 

Средба со победничкиот тим на Националниот натпревар од СУГС „Никола Карев“ 

Тимот на Џуниор Ачивмент Македонија се сретна со победничкиот тим од СУГС „Никола Карев“ Скопје и им беа врачени наградите заедно со ваучер во вредност од 500€ од нашиот соработник Семос Едукација.  Ученичките напорно работат на нивната презентација за престојниот Европски натпревар на ученички компании #CoYC21 и им посакуваме многу среќа и успешна презентација!