Хакатон: GEN-E Fights For Zero Pollution 1-4 јуни 2021 

Posted on: 05.06.2021

Тим од 4 ученици во состав: Ангела Китаноска, Никола Николовски, Ангела Стојческа, Андреј Тосески под менторство на наставничката Гордана Тошеска од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп беа дел од хакатонот во организација на JA Europe- #Gen_E Fights For Zero Pollution“ од 1-4 јуни, оддржан во рамки на  ЕУ Зелена Недела.  

 43 ученици од Европа добија  предизвик да предложат иновативни идеи кои ќе  го спречат загадувањето и ќе помогнат во обновата на реките, езерата и морињата во Европа. Овој натпревар се одржа во пресрет на најголемиот европски фестивал за претприемништво на ЏА мрежата, Gen-E, што се одржува ова лето. 

Зелената недела на ЕУ е најголемата годишна конференција во Европа како дел од  политиката за заштита на животната средина, обединувајќи учесници од владите, индустријата, невладините организации, академските институции и медиумите за  размена на идеи и најдобри практики кај учениците. Повеќе информации на веб-страницата https://www.eugreenweek.eu/