Џуниор Ачивмент Македонија на меѓународен саем за социјално претприемништво во Софија – 13-15 ноември 2026
Posted on: 16.11.2026
Од 13 до 15 ноември 2026 година, Џуниор Ачивмент Македонија учествуваше на меѓународен саем посветен на социјалното претприемништво, организиран во рамки на проектот YSBE Net – Мрежа за младинско социјално претприемништво, во Софија, Бугарија.
На настанот учествуваа ученички тимови од осум земји, кои ги претставија своите идеи за социјално претприемништво и иновативни решенија насочени кон потребите на заедницата.
Џуниор Ачивмент Македонија се претстави со два ученички тима: „Кичевска ризница“ од ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево и „Еднакви во учењето“ од СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје. Учениците имаа можност да ги презентираат своите идеи пред меѓународна публика, да учествуваат во работилници, да ги проследат презентациите на другите тимови и да разменат искуства со млади од различни земји.
Тридневниот настан овозможи нови познанства, размена на идеи и запознавање со различни пристапи кон развивањето социјални бизниси. За учениците, ова беше можност да ги претстават своите решенија во меѓународна средина, да добијат нови перспективи и дополнителна мотивација за понатамошен развој на своите идеи.

