„Виртуелко за сите“ – нови пристапи за поактивно учење и современа настава

Posted on: 02.11.2026

Дигиталните образовни алатки отвораат нови можности за збогатување на наставниот процес и поголемо вклучување на учениците во практични активности. Нивната примена им овозможува на наставниците да воведат поинакви методи на работа и да создадат услови за поактивно и поинтересно учење.

Преку проектот „Виртуелко за сите“,наставниците се запознаваат со можностите на платформата и нејзината примена во образовниот процес.

За своите мотиви за учество, искуството од обуката и можностите за примена на стекнатите знаења во наставата, зборува Ташка Гетова, наставник во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово.

Ташка Гетова, наставник во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово:

„Мојот мотив за учество на обуката за наставници за примена на платформата „Виртуелко за сите“ беше можноста да се запознаам со нови методи и алатки што ќе ми помогнат да ја унапредам наставната практика. Задоволна сум од стекнатото искуство и од можностите што ги нуди платформата за вклучување дигитални содржини и практични активности во образовниот процес. Сметам дека примената на ваквите пристапи може да ја зголеми активноста на учениците и да им помогне полесно да ги разберат и применат стекнатите знаења. Дополнително, сертификатот претставува признание за вложениот труд и можност за евидентирање на професионалното усовршување во моето наставничко досие.“