Покана за вебинар „Зелена економија“ – 16.12.2025
Posted on: 15.12.2025
е покануваме да го проследите вебинарот на тема „Зелена економија“ на 16 декември 2025 г. од 12:00 часот со предавач Владимир Петковски.
Овој вебинар се организира во рамки на проектот „Зелена младина зелен раст“ и има за цел да ги запознае учениците и наставниците со теми од областа на животната средина, пред се Зелена агенда, Зелениот договор и Зелено претприемништво. Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.
