Камп на иновации во соработка со Јунус центар за социјални бизниси 11-12 декември 2025
Posted on: 15.12.2025
Џуниор Ачивмент Македонија, на 11 и 12 декември 2025 година, во соработка со Јунус центарот за социјални бизниси при Економскиот факултет во Скопје, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини наменет за средношколци и студенти.
Учесниците работеа во заеднички, мешани тимови, каде што имаа можност да разменуваат идеи и искуства. Кампот на иновации претставува креативен и едукативен настан на кој младите учат како ефективно да соработуваат во тим, како да ги претворат своите идеи во конкретни решенија и како да развијат и презентираат конечен концепт.
Стручното жири имаше навистина тешка задача да ги одбере најдобрите тимови, имајќи ја предвид високата креативност и квалитетот на презентираните идеи.
Натпреварот им овозможи на учесниците да развијат иновативни и креативни решенија на зададениот предизвик, демонстрирајќи претприемничко размислување, тимска работа и способност за претворање на идеите во одржливи и применливи концепти со позитивно влијание врз заедницата.
