Од практично учење до нови можности за вработување
Posted on: 02.11.2026
Како практичните обуки и дигиталните алатки можат да им помогнат на младите кои не се вработени, не се во образование или не посетуваат обука (NEET) да ги развијат своите вештини и да ги зголемат можностите за вработување?
Преку проектот „Виртуелко за сите“, младите од категоријата NEET имаат можност да се запознаат со платформата развиена во рамки на проектот и преку практични симулации на виртуелни компании да стекнат знаења и вештини применливи во реалното деловно работење.
За придобивките од обуката, новите знаења и самодовербата што ја носи практичното учење, зборува Михаела Слабаковска, учесничка на обуката реализирана во август.
Михаела Слабаковска, учесничка на обуката за платформата „Виртуелко за сите“:
„Учеството на обуката за NEET во август, за мене претставуваше исклучително искуство кое целосно ги промени моите погледи кон бизнис светот. Со големо задоволство можам да кажам дека стекнав практични вештини кои долго време ми беа потребни. Преку реалните симулации на виртуелните компании, добив јасна претстава за тоа како функционира еден реален бизнис сектор.
Сметам дека токму преку вакви интензивни и практични обуки, на нас младите ни се зголемуваат шансите за побрзо и поуспешно вработување. Платформата ми овозможи да ги надградам и да ги зголемам моите знаења во делот на сметководственото работење на фирмите, што ми дава огромна самодоверба.“
