Младите со иновативни решенија за климатски отпорно земјоделство
Posted on: 27.10.2026
Како да создадеме земјоделство што успешно ќе се справува со предизвиците на климатските промени? Ова прашање ги обедини средношколците и студентите на Хакатонот, кој се одржа на 26 и 27 октомври, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
Преку тимска работа, размена на знаења и креативно размислување, младите истражуваа како дигиталните технологии и иновативните бизнис-идеи можат да придонесат за поодржливо, попаметно и поотпорно земјоделство.
Од препознавање на предизвиците до развивање иновативни решенија, учесниците ги претворија своите идеи во концепти што можат да придонесат за подобро справување со климатските промени.
