YSBE Net – Успешно реализирана обука за обучувачи за програмата за социјално претприемништво
Posted on: 09.09.2026
Од 24 до 26 август, нашиот тим учествуваше на тридневна онлајн обука за обучувачи, организирана во рамки на проектот YSBE Net – Мрежа за младинско социјално претприемништво, заедно со повеќе од 30 едукатори од Бугарија, Романија, Кипар, Албанија, Црна Гора и Турција.
Во текот на обуката, учесниците се запознаа со нови алатки, методологии и практични активности за образование во областа на социјалното претприемништво. Обуката, им овозможи на учесниците да разменат искуства и пристапи и да стекнат практични знаења кои ќе ги применат во понатамошната работа со наставници и млади.
Стекнатите знаења и методологии од обуката наскоро ќе бидат пренесени до наставниците од нашата мрежа, со цел да се зајакнат нивните капацитети за поттикнување на социјалното претприемништво кај младите.
Обуката претставуваше значајна можност за прекугранично поврзување, размена на искуства и создавање заедничка основа за развој на идните социјални претприемачи.
