Посета на Џуниор Ачивмент Полска – размена на искуства и нови можности за соработка – 12-14 октомври 2026
Posted on: 16.10.2026
Од 12 до 14 октомври 2026 година, извршната директорка на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска, беше во посета на канцеларијата на Џуниор Ачивмент Полска во Варшава, во рамки на програмата за размена на кадри, поддржана од ЏА Европа. Посетата беше одлична можност за запознавање со работата на полската организација, размена на искуства со колегите и разговори за програмите и проектите што ги реализираат за младите.
За време на посетата беа остварени средби со претставници на партнерските организации Fundacja GPW, EY Global Delivery Services Careers и FedEx Poland, на кои се разговараше за нивната поддршка на младите, можностите за професионален развој и соработката со Џуниор Ачивмент. Дел од програмата беше и средбата со JA Alumni Poland, на која беа споделени искуства и добри практики за организирање и одржување активна алумни-заедница.
Ваквите средби се потсетник на силата на глобалната мрежа на Џуниор Ачивмент и на значењето на меѓународната соработка, споделувањето знаења и заедничкото создавање нови можности за младите.
