Обука за млади од категоријата NEET во рамки на проектот „Виртуелко за сите“ | 19–20.08.2026
Posted on: 24.08.2026
На 19 и 20 август, Џуниор Ачивмент Македонија, во рамки на Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите“, организираше обука за млади од категоријата NEET (млади кои не се вработени, не се во образование или обука).
Во текот на обуката, учесниците работеа на развој на претприемачки и финансиски вештини преку користење на платформата „Виртуелко за сите“, која овозможува симулација на реално деловно работење. Преку практични задачи и интерактивни активности тие стекнаа нови знаења, донесуваа деловни одлуки и се запознаа со основите на управување со виртуелна компанија.
Обуката ја водеа Оливера Стошиќ и Валентина Миланов, кои преку практичен пристап ги поддржаа учесниците во развојот на вештини што ќе им помогнат во нивниот понатамошен личен и професионален развој.
Проектот „Виртуелко за сите“ има за цел да ги поттикне младите да стекнат знаења и компетенции кои ќе ја зголемат нивната подготвеност за пазарот на трудот.
