Обука за развој на бизнис план и трансформација на зелени идеи во реалност 19-20.08.2026
Posted on: 24.08.2026
Во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст“, минатата недела во Охрид се одржа дводневна обука на тема „Развој на бизнис план и трансформација на зелени идеи во реалност“, на која учествуваа средношколци од различни градови низ државата.
Обуката им овозможи на младите да стекнат практични знаења и вештини за развој на одржливи бизнис идеи, со посебен фокус на претприемништвото, иновациите и зелената економија. Преку интерактивни работилници, тимска работа и менторска поддршка, учесниците работеа на унапредување на своите идеи и нивно претворање во конкретни бизнис концепти.
Обуката претставува значаен чекор во подготовката на младите за идните активности во рамки на проектот, охрабрувајќи ги да размислуваат креативно, да работат тимски и да развиваат идеи со позитивно општествено и еколошко влијание.
Проектот „Зелена младина, зелен раст“ има за цел да ги зајакне знаењата и вештините на младите во областа на зеленото претприемништво, да поттикне иновативно размислување и активно учество во креирањето на поодржлива иднина.
