Соработка со Агенција за поддршка на претприемништвото на РСМ за поддршка на нашата програма за претприемничко учење

Posted on: 13.05.2023

Трета година по ред Агенцијата за поддршка на претприемништвото во РСМ ја поддржа ЏА Македонија во реализација на програмата за претприемничко образование и натпреварот за најдобри ученички компании во учебна 2022/2023 година, што е во согласност со нивната заложба за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста во нашата држава.

За време на натпреварот кој се одржа од 10 до 12 мај во Струга, учество земаа повеќе од 120 средношколци, вклучени во 25 ученички компании од Берово, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Куманово, Македонски Брод, Охрид, Прилеп, Ресен, Скопје, Струмица и Тетово.

Претставникот од АППРСМ, Маја Цветановска се обрати на присутните за време на церемонијата за прогласување на најдобрите ученички компании.