Саем на мини ученички компании, ООУ „Мирче Ацев“ – 3 јуни 2026
Posted on: 03.06.2026
На 3 јуни 2026 година, во ООУ „Мирче Ацев“ се одржа Саемот на мини ученички компании, кој ги обедини учениците од сите шест основни училишта во Општина Ѓорче Петров.
На изложбените штандови, учениците ги претставија идеите, производите и услугите што ги развиваа во текот на програмата, покажувајќи колку знаење, труд и тимска работа стојат зад секоја бизнис идеја. Посетителите имаа можност директно да разговараат со тимовите, да поставуваат прашања и да ја почувствуваат нивната мотивација и ентузијазам.
Победник на натпреварот е „Еко Сорт Мини“ од ООУ „Страшо Пинџур“, кој се издвои со својата иновативност, квалитетна разработка и одлична презентација. Еко Сорт Мини преку својот производ – паметна мини канта за селекција на отпад има за цел да понуди иновативно, едноставно и корисно решение кое ќе помогне во правилното селектирање на отпадот и ќе ја зголеми еколошката свест кај учениците, домаќинствата и пошироката заедница.
Настанот беше дополнително збогатен со присуството на партнерски организации, како и со поддршката од институции и заедницата, кои заедно испратија силна порака – дека младите имаат идеи, потенцијал и поддршка да создаваат промени.
Џуниор Ачивмент Македонија останува посветена на создавање вакви можности за младите, каде учењето преку искуство ги претвора нивните идеи во реалност и ги подготвува за иднината.



