Alumni Leaders Academy Europe 10-12.04.2026 во Варшава
Posted on: 14.04.2026
Во периодот од 10–12 април 2026 година се одржа Alumni Leaders Academy Europe во Варшава, Полска. На настанот присуствуваше и претставник од алумни мрежата на ЏА Македонија, кој имаше можност да се вмрежи со учесници од различни европски земји и да разменува искуства и добри практики.
Во рамки на настанот се одржа и првото собрание во живо, каде беа изгласани значајни иницијативи за понатамошен развој и унапредување на алумни мрежата, како и избор на нов управен одбор на ЏА Европа. Настанот претставуваше важна можност за зајакнување на соработката помеѓу националните мрежи и поттикнување на активното учество на младите лидери во креирањето на идните активности и насоки на организацијата.
