Регионален натпревар на најдобри ученички компании 7-8.04.2026

Posted on: 09.04.2026

Во периодот од 7-8 април 2026 се одржаа регионалните натпревари на најдобри ученички компании, каде учениците предводени од нивниот одговорен наставник, имаат можност да презентираат што сработиле во текот на учебната година, преку нивните промотивни видеа и  презентации на сцена.

На двата регионални натпревари учествуваа вкупно 29 ученички компании од 22 средни училишта, од 12 градови од државата. Над 150 средношколци со поддршка на 29 наставници од Берово, Битола, Богданци, Велес, Гевгелија, Прилеп, Ресен, Скопје, , Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Кочани се натпреваруваа за учество на Националниот натпревар на најдобри ученички компании, кој ќе се одржи на 6 мај во Скопје.