„Зелена младина,зелен раст“- Хакатон 25-26.03.2026
Posted on: 27.03.2026
Во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст” подржан од Европска Комисија на 25 – 26 март во Струга се одржа дводневен натпревар на средношколци во претприемнички вештини со учесници од повеќе градови од земјава.
За време на натпреварот учениците работеа во тимови за да најдат решение на поставениот бизнис предизвик. 40 тина средношколци од различни училишта поделени во 7 тимови го искористија своето знаење за да одговорат на поставената задача и да стекнат вредно практично искуство. Им честитаме на победничките три тима за иновативните решенија.
Овој настан претставува значаен придонес кон поттикнување на младинското учество и развој на претприемнички дух, како и кон градење на одржлива и иновативна иднина.
