„Виртуелко за сите“ – состанок на проектните партнери во Софија, Бугарија 28-29.03.2026

Posted on: 05.04.2026

униор Ачивмент Македонија е партнер во Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите” заедно со партнери од Србија и Бугарија. Платформата „Виртуелко за сите“ има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост кај младите преку практична едукација. Учесниците управуваат со виртуелни компании, во кои симулираат реални деловни активности.

Како дел од имплементацијата на проектот, проектните партнери имаа состанок во Софија, Бугарија во период 28-29 март 2026.

Состанокот беше исполнет со дискусии за напредокот на партнерите, усогласување на структурата, содржината и терминологијата, како и решавање на преостанатите задачи. Финализиран беше нацрт-методолошкиот документ и договорена процедурата за негово официјално одобрување.Партнерите планираа обуки и конференции во различни земји, со внимание на формати, целни групи, временски рамки и одговорности за логистика и подготовка на содржината.

Џуниор Ачивмент Македонија продолжува со промовирање и овозможување можности за пристап за дигитална инклузија на младите, што е една од нашите важни стратешки цели за подобрување на прифатливоста, пристапноста и релевантноста на дигиталното учење за сите млади.

Овој состанок ја зајакна соработката меѓу партнерите и постави цврсти темели за следните фази од проектот, обезбедувајќи уверување дека идните активности ќе се реализираат ефективно и квалитетно.