Обука за наставници од основно образование за вовед во програмите на ЏА Македонија -10-11 март 2026
Posted on: 12.02.2026
На 10-11.03.2026, Џуниор Ачивмент Македонија успешно реализираше обука за наставници од основни училишта во Општина Ѓорче Петров за вовед во програмите на Џуниор Ачивмент.
Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со пристапот и методологијата на програмите за основно образование и да добијат практични вештини за менторство на учениците во процесот на развој на мини ученички компании. Наставниците работеа во тимови на практични задачи, развивајќи концепти и решенија за предизвици поврзани со одржливи идеи, со поддршка од тимот на Џуниор Ачивмент Македонија.
Преку активната работа и презентирањето на резултатите пред комисија, наставниците стекнаа искуство за тоа како да ги водат учениците низ целиот процес од идеја до презентација.
Џуниор Ачивмент Македонија ќе продолжи да ги следи активностите на наставниците и да обезбедува дополнителна поддршка преку работилници, онлајн менторство и натпревари за учениците, со цел успешно имплементирање на програмите во основните училишта.

