Обука за наставници за финансиско управување и деловно планирање во програмата за Ученичка компанија 03-04.03.2026, Велес

Posted on: 06.03.2026

На 3 и 4 март 2026 година во Велес, Џуниор Ачивмент Македонија успешно реализираше обука за наставници во рамките на втората фаза од програмата „Ученичка компанија“, посветена на финансиско управување и деловно планирање.

За време на обуката учесниците работеа на практични задачи поврзани со управување со финансии во ученичка компанија, подготовка на завршни финансиски биланси и развој на одржливи деловни планови. Дополнително, беше презентиран и водичот за регионалниот и националниот натпревар, со насоки за успешна подготовка на ученичките компании.

Обуката овозможи и простор за вмрежување, размена на искуства и дискусија, како и отворена сесија за прашања со тимот на Џуниор Ачивмент. На крајот, наставниците добија сертификати за успешно учество и подароци од АВТ Македонија кои се подржувачи на овој настан.