Потпишан меморандум за соработка со Општина Ѓорче Петров

Posted on: 25.02.2026

Џуниор Ачивмент Македонија потпиша Меморандум за соработка со Општина Ѓорче Петров, со што официјално започнува имплементацијата на програмските активности во сите основни училишта на територијата на општината.

Со оваа соработка, Ѓорче Петров станува првата општина во која програмите на организацијата се воведуваат и на ниво на основно образование, што претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот и модернизацијата на образовниот процес.

Во рамки на меморандумот ќе се реализираат активности насочени кон развој на креативни, дигитални и претприемнички вештини кај учениците, како и запознавање со теми од областа на циркуларната економија, екологијата и современите технологии. Во следните месеци се предвидени обуки за наставници, како и организација на настани кој ќе вклучи ученици од основните училишта во општината.

Во наредниот период планираме постепено проширување на програмските активности и во други основни училишта низ државата. Со цел обезбедување еднаков пристап до современо и квалитетно образование, ќе иницираме нови партнерства со општини и образовни институции за имплементација на програми од областа на претприемничкото образование, дигиталните вештини, циркуларната економија и екологијата.