Конференција за наставници 22-24 октомври 2023 Врњачка бања

Posted on: 27.10.2023

ЏА Македонија со група наставници беше дел од Националната конференција за наставници во организација на ЏА Србија од 22 до 24 октомври 2023 год.
Наставниците имаа можност за вмрежување со колеги од регионот, размена на искуства од областа на претприемништвото и дигитализација на наставата, како и споделување добри практики и новини во наставните процеси.

Конференцијата уште еднаш ја потврди важноста на соработката и размената на искуства меѓу наставниците како двигатели на претприемничкото образование и инспирација за младите генерации. Горди сме што успешно ја завршивме нашата обука за дисеминација на наставници на 12 март 2024 година во Скопјe, оспособувајќи ги едукаторите од Северна Македонија да влијаат врз своите ученици дека деловниот успех е можен во нивната земја.