Обука за наставници на тема „Социјално претприемништво“ – 21-22 септември 2023

Posted on: 25.09.2023

22 наставници од 17 средни училишта учествуваа на дводневна обука за социјално претприемништво, каде што ги зајакнаа своите знаења и вештини за примена на социјалното претприемништво во наставата и ученичките компании.

Преку интерактивна работа, практични примери и тимска соработка, наставниците се подготвија да ги поддржат учениците во развој на бизнис идеи и решенија кои одговараат на реални општествени предизвици.