Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 12 декември 2025

Posted on: 13.12.2025

По презентациите и промоција на „Virtuelco for All“ пред средношколци и наставници, на 12 декември 2025 година Џуниор Ачивмент Македонија ја направи промоција на проектот пред 20 млади луѓе – студенти и уште 20 млади лица од различни средини од Скопскиот регион (идентификувани како NEETs – лица кои не се вклучени во образование, обука или вработување).

Со ова, тимот на ЏАМ ја заокружи промоцијата на проектот пред сите целни групи. Се очекува наставниците и младите учесници да бидат вклучени во планираните обуки во рамки на проектот. Во наредниот период ќе бидат организирани неколку обуки за користење на платформата, во соработка со проектните партнери од Србија и Бугарија.