Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“ – 09 декември 2025

Posted on: 10.12.2025

Џуниор Ачивмент Македонија (ЏАМ) го промовираше  проектот „Virtuelco for All“ пред 20 средношколци од скопски средни училишта, на средбата што се одржа на 09 декември, 2025 година.

Младите кои присуствуваа на средбата, ќе бидат примарна целна група на претстојните обуки. Тимот на  ЏАМ ги претстави активностите предвидени во рамките на проектот и најави дека во наредните месеци ќе се организираат серија обуки за користење на платформата.