Глобална лидерска конференција- Рио, Бразил 17-21 ноември 2025

Posted on: 23.11.2025

Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од Глобалната лидерска конференција на Џуниор Ачивмент (JA Global Leadership Conference) која оваа година се одржа во Рио де Жанеиро, Бразил. 
Конференцијата ги обединува претставниците на Џуниор Ачивмент од цел свет со цел размена на искуства и развој на нови иновативни пристапи за унапредување на ЏА програмите.
Од 17-21 ноември, Рио беше центар на инспирација и соработка на глобалната Џуниор Ачивмент заедница.
Овој настан се одржа во рамки на Глобалната недела на претприемништво.