Камп на иновации во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес 05-06 ноември 2025
Posted on: 07.11.2025
Велес, 7 ноември 2025 година – Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ денес заврши Кампот на иновации, дводневен натпревар во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, на кој 40 ученици од училиштето ги покажаа своите претприемнички и креативни способности.
Во рамки на предизвикот, учениците требаа да понудат решенија за својот град со употреба на технологија т.е да идентификуваат конкретен урбан проблем, и да развијат идеја како тоа може да прерасне во реален, одржлив и корисен производ или услуга.
Првото место го освои тимот „Love and Paws“ со идеја за професионални услуги за грижа за миленици. Второто место му припадна на тимот „Parkmates“ со паметна апликација за пронаоѓање, резервирање и плаќање паркинг-места, која придонесува за подобра урбана мобилност. Третото место го освои тимот „Eco Move“ со систем за изнајмување електрични тротинети преку мобилна апликација, насочен кон одржлива и еколошка урбана мобилност.
Со вакви иницијативи, младите од Велес уште еднаш покажаа дека имаат идеи, знаење и визија за користење на технологијата во служба на подобра заедница.
