Меѓународен камп на иновации – Foodathon 2025
Posted on: 13.11.2025
Заврши Foodathon 2025 – меѓународен онлајн натпревар кој претставува уникатен спој на иновација, креативност и претприемачко учење. Натпреварот има за цел да ги поттикне младите иноватори од Европа и Африка да креираат решенија кои ќе придонесат кон трансформација на современите прехранбени системи.
Во рамките на Foodathon, повеќе од 100 ученици на возраст од 15 до 19 години од училишта низ Африка и Европа работеа заедно во интернационални тимови за да развијат бизнис-решение поврзано со една од следните клучни области:
- намалување на загубите и отпадот од храна,
- користење технологија, дигитализација и податоци за одржливо земјоделство,
- исхрана и превенција на незаразни болести.
Со гордост споделуваме дека 14 тима од Македонија ја претставуваа нашата земја со креативни и применливи идеи:
- AGM-Gevgelija – СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија
- All Green – СОУ „Богданци“
- Crisprs – СОУ „Цар Самоил“, Ресен
- DIZ Solutions – СОУ „Цар Самоил“, Ресен
- Dream Team – ОСУ „Ацо Русковски“, Берово
- Eco Innovators – СОЕУ „Јане Сандански“, Битола
- Foodnomics – СОЕУ „Јане Сандански“, Битола
- Ministry of Happiness – СУГС „Никола Карев“, Скопје
- MosaicSoul – СОУ „Цар Самоил“, Ресен
- Nutrivibe – СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп
- PPG – СОУ „Ванчо Прќе“, Виница
- Prime Solutions – СОУ „Цар Самоил“, Ресен
- SunSolum – СОУ „Гоце Делчев“, Куманово
- Taste & Win – ОСУ „Ацо Русковски“, Берово


Особена чест е пласманот на два македонски тима во финалето на Foodathon 2025: еден од СОУ „Никола Карев“ – Скопје и еден од СУГС „Јане Сандански“ – Битола. Во соработка со тимови од Албанија и Грција, тие се истакнаа преку иновативен пристап, силен тимски дух и јасни, одржливи концепти.
