Избран е новиот Управен одбор на Џуниор Ачивмент Алумни Македонија

Posted on: 07.11.2025

Изборот на нов Управен одбор претставува значаен чекор за обезбедување на континуитет, стабилност и понатамошен развој на Џуниор Ачивмент Алумни Македонија. Со цел навремено преземање на одговорностите и ефективно планирање на активностите за следниот мандатен период, организацијата во октомври 2025 година го започна процесот на селекција на нов управен тим.

Процесот беше дизајниран да биде инклузивен, транспарентен и демократски, овозможувајќи еднаков пристап за сите членови на заедницата. Сите фази — од објавата на конкурсот, преку разгледување на апликациите на кандидатите, до гласањето и објавувањето на резултатите — беа спроведени во согласност со статутот и вредностите на JA Alumni мрежата.

По успешно завршениот процес, за членови на новиот Управен одбор на Џуниор Ачивмент Алумни Македонија се избрани:

  1. Иван Јангелов – Национален координатор / Претседател
  2. Елеонора Ачковска – Алумни регрутер
  3. Марија Деловска – Менаџер за социјални медиуми
  4. Бисера Ацевска – Менаџер за настани
  5. Елена Тосева – Асистент
  6. Ели Ничовска – Асистент

Со изборот на новото раководство, Џуниор Ачивмент Алумни Македонија продолжува со стабилен развој, јакнење на мрежата и унапредување на својата мисија — да создава заедница на активни, мотивирани и успешни млади луѓе кои придонесуваат за позитивни промени во општеството.