Промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“
Posted on: 07.11.2025
Џуниор Ачивмент Македонија“ започна со промоција на проектот Еразмус+ „Виртуелко за сите“, кој го спроведуваме во соработка со организации од Србија (Праскозорје и Економска школа Пирот) и Бугарија (Интра Ментис).
Средбата на 5ти ноември, ни послужи за презентација на платформата на проектот „Виртуелко за сите“ пред директорите и наставниците од двете средни училишта во Велес (СОУ „Јовче Тесличков“ Велес, СОУ „Коле Неделковски“ Велес). Тимот на ЏАМ детално ги објасни активностите на проектот и најави дека во наредните месеци ќе има обуки за користење на платформата организирани за неколку целни групи, следејќи ја новата методологија за работа и образование. Во следниот период ќе ги посетиме наставниците по економски предмети од други средни училишта кои планираме да ги опфатиме во проектот.
