Џуниор Ачивмент Македонија на конференцијата „Empowering People, Elevating Projects: The AI Partnership Begins“ – 17.10.2025

Posted on: 20.10.2025

На 17 октомври 2025 година, Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од еднодневната конференција организирана од PMI Chapter North Macedonia, наменета за проектни менаџери од различни компании во земјата.

Конференцијата овозможи размена на искуства и добри практики, можности за вмрежување и идна соработка со експерти од PMI. Главниот фокус беше насочен кон придобивките што компаниите можат да ги имаат од примената на паметни технологии и алатки за вештачка интелигенција, како и успешни примери од регионот и светот.

Посебен акцент беше ставен на дигиталната трансформација и предизвиците во тимската работа преку дизајн тинкинг и други современи пристапи. Џуниор Ачивмент ќе ги искористи стекнатите знаења за да ги пренесе на ученици и наставници вклучени во проектот PMIEF, преку обуки и активности во училиштата на теми поврзани со проектен менаџмент.