Форум на жени и девојки во СТЕМ – EIT Education and Skills Days 2025
Posted on: 20.10.2025
На 16 октомври 2025 година, во Брисел се одржа Форумот на жени и девојки во СТЕМ науките, во рамки на дводневниот настан EIT Education and Skills Days, организиран од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT) и Европската комисија.
Оваа година темата беше Сајбер-безбедност, со фокус на иновативни решенија и улогата на жените и девојките во обликувањето на побезбедна дигитална иднина. Настанот собра лидери од индустријата, истражувачи, наставници и ученици, со цел да се поддржи родовата еднаквост и вклученоста во СТЕМ кариерите.
Наши претставници на форумот беше тимот „Deception Architects“ од Коле Неделковски – Велес

Форумот е дел од проектот „Младите во циркуларната економија“, кој преку програмата Girls Go STEM веќе пет години ја поттикнува свесноста за родовиот јаз во технологијата и промовира инклузивна дигитална иновација низ Европа.
