„Виртуелко за сите“ – состанок на проектните партнери во Пирот, Србија 27-28.09.2025
Posted on: 29.09.2025
Џуниор Ачивмент Македонија е партнер во Еразмус+ проектот „Виртуелко за сите” заедно со партнери од Србија и Бугарија. Платформата „Виртуелко за сите“ има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост кај младите преку практична едукација. Учесниците управуваат со виртуелни компании, во кои симулираат реални деловни активности – вклучително и креирање документација за купопродажба на стоки и услуги. Преку овој интерактивен пристап, младите стекнуваат знаења и вештини поврзани со буџетирање, планирање, фактурирање, деловна комуникација и финансиско донесување одлуки. Платформата симулира бизнис на домашниот и меѓународниот пазар и се базира на постојниот тек на документи во нашите компании и им овозможува на младите луѓе да стекнат знаења и вештини потребни во светот на работата.
Како дел од имплементацијата на проектот, проектните партнери имаа состанок во Пирот на 27-28 септември 2025.
Љупка Панчевска, Извршната директорка на „Џуниор Ачивмент Македонија“ вели дека клучот на оваа соработка е платформата „Виртуелко за сите“, која ги поврзува сите активности и иницијативи на организацијата. Таа истакнува дека платформата е од особено значење за младите, бидејќи не само што им помага да развијат важни вештини, туку им овозможува и да истражуваат нови светови преку виртуелни патувања.
Оливера Стошиќ, координаторка на проектот објасни дека проектот вклучува креирање платформа што ќе помогне во подобрувањето на финансиската писменост кај младите кои бараат работа. Според неа, тие можат да научат како да пополнуваат документи како подготовка за пазарот на трудот и како да функционираат во рамките на компанијата.
Марјан Ќириќ, директор на Пиротското економско училиште, истакна дека ја препознале важноста на Еразмус проектите пред 7-8 години, кога го започнале првиот проект, заблагодарувајќи им се на своите пријатели од Габрово. Оттогаш до денес, тие се стремат да бидат активни и оваа година работат на три Еразмус проекти, од кои еден е „Виртуелко за сите“.
Повеќе за проектот може да прочитате на: https://info.virtuelco.com/
