Средба со наградени ученици од програмата на Џуниор Ачивмент со градоначалник и претставници од општина Прилеп

Posted on: 10.09.2025

Во одговор на барањето за средба во просториите на општина Прилеп бевме пречекани од градоначалникот и претставници од сектор образование со група од наградени ученици во програмата на Џуниор Ачивмент и нивните ментори наставници, како и директорката на СОУ “ Орде Чопела”. На средбата се разговараше за работата на Џуниор Ачимент изминатите години, за обуките за наставници, како и учеството на учениците на регионалните и националните натпревари, а беше потенцирано и минатогодишното учество на тимот од СОУ „Ѓорче Петров“ на Европскиот натпревар во Катанија, Италија.

Во следните месеци планирани се повеќе настани и натпревари кои ќе вклучат голем број ученици од Прилеп, а денешната средба беше поттик за организирање на посебен настан наменет за младите, со цел зајакнување на нивните претприемнички вештини и капацитети за идно вработување.

Си заминавме со ветување од претставниците од Општина Прилеп дека ќе продолжи соработката и општината ќе ги разгледа сите можности ваквите иницијативи да ги поддржи!