Посета од претставници од Џуниор Ачивмент Турција во август 2025
Posted on: 27.08.2025
Од 19-23 август 2025, во рамки на програмата за размена на кадри, поддржана од ЏА Европа, имавме посета од 3 претставнички од Џуниор Ачивмент Турција. На состаноците во Скопје со АППРСМ и ЦСОО слушнаа за одличната соработка што ја имаме со институциите овде, додека во Охрид 21/22 август имаа можност да се запознаат со ученици и наставници кои беа дел од кампот на иновации. Ова беше одлична можност за размена на знаење, искуства и запознавање со сите вработени во канцеларијата како и дискусија за начините и платформите на кои тие соработуваат и креираат можности за младите во Турција. Крајно, се разгледаа можностите за мобилност на младите од двете земји, како и можност за група наставници да појдат во Истанбул.

